Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Timothy 1

:
Macedonian - 2006
1 Павле, апостол на Исус Христос по волјата Божја, според ветувањето на животот, животот во Христос Исус,
2 до Тимотеј, возљубеното чедо. Бла­годат, милост и мир од Бог Отецот и од Христос Исус, нашиот Господ!
3 Му благодарам на Бога, Кому уште од прародителите Му служам со чиста совест, додека постојано те споменувам во молитвите свои дење и ноќе;
4 сеќавајќи се за твоите солзи, копне­ам да те видам, за да се исполнам со ра­дост,
5 спомнувајќи си за нелицемерната ве­ра кај тебе, која најпрвин се всели во твојата баба Лоида и во мајка ти Евни­ка, а убеден сум дека ја има и во тебе.
6 Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце.
7 Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност.
8 И така, не срамувај се од сведо­че­ње­то за нашиот Господ Исус Христос, ни­ту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бо­га,
9 Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња,
10 а откриена сега со јавувањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспадливоста преку Евангелието,
11 за кое сум поставен како проповедник, апостол и учител на незнабошците.
12 Затоа и го трпам тоа; но не се срамувам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој е моќен мојот залог да го запази за оној ден.
13 Имај ги, како пример, здравите збо­рови што си ги чул од мене, со вера и љубов во Христос Исус!
14 Запази го добриот залог преку Све­тиот Дух, Кој живее во нас!
15 Го знаеш тоа дека мене ме напуш­тија сите во Азија, меѓу кои и Фигел и Ермоген.
16 Господ нека му даде милост на до­мот на Онисифор, зашто многупати ме успокои и не се посрами од моите око­ви.
17 А, кога дојде во Рим, грижливо ме побара и ме најде.
18 Господ нека му даде да најде милост во Него во оној ден! А колку служеше тој во Ефес, ти тоа најдобро го знаеш.